
|
 |
Вести / Свет
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Исламабад, 29 август (МИА) - Во северозападната погранична провинција во Пакистан денеска во два одвоени напади се убиени 26 лица, повеќето талибански бунтовници, изјавија претставници на пакистанските сили за безбедност.
-Во првиот судир во долината Сват се убиени најмалку 22 талибански бунтовници, кога војската ги нападна талибанските позиции, изјави неименуван полициски функционер, пренесуваат светските агенции.
Воените хеликоптери отвориле оган врз позициите на бунтовниците врз основа на разузнавачки податоци дека нивниот локален командант Мулан Фејзула се наоѓа во регионот со неколку свои команданти.
Уште четири лица се убиени, меѓу кои и двајца припадници на паравоена единица, а повеќе од 30 лица се ранети во текот на неуспешниот напад со автомобил бомба врз воен логор во местото Дара Адам Кел, на 45 киолометри јужно од главниот град на провинцијата Пешавар.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|