вторник, 02.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Најмалку 12 жртви на ураганот Густав во Лујзијана

Вашингтон, 2 септември (МИА) - Најмалку 12 луѓе загинаа во американската држава Лујзијана и покрај тоа што силата на ураганот Густав е намалена до прва категорија по скалата на Сафир-Симсон со максимална брзина на ветровите од 145 километри на час.

Ниту една од жртвите не е од Њу Орлеанс. Возрасен пар загина во Батан Руж откако дрво паднало врз нивната куќа. Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа додека се евакуирале, а шестмина пациенти, во тешка здравствена состојба, починале за време на евакуацијата од болниците во Лујзијана.

Ураганот Густав, што во меѓувреме ослабна до тропска бура предизвика поплави и прекин на електричната енергија.

Локалните власти внимателно ја следат состојбата на бреговите на реката Мисисипи поради обилните дождови и силните ветрови.

Гувернерот на Лујзијана Боби Џиндал и градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Најган апелираа до евакуираните граѓани да не брзаат да се вратат во своите домови, бидејќи се уште не е безбедно.


Наjновo од Вести
Грузискиот парламент утре ќе ја укине воената состојба
Велосипедист прегазен на магистралниот пат во близина на влезот на Гостивар
Путин: Меѓу ЕУ и Русија има взаемно разбирање
Рамуш Харадинај во посета на Албанија
Истрага за корупција за делувањето на фондот „Африканците за Обама“
Телеком понуди нов пакет за корисниците со интернет и телефонија
Италија и го предаде на Франција командувањето со военопоморските мировни сили крај брегот на Либан
Најмалку 12 жртви на ураганот Густав во Лујзијана
Кина побара од Русија и Грузија да го решат конфликтот преку дијалог
Укинат полицискиот час во индиски Кашмир
Сомалиските пирати бараат над осум милиони доалри за ослободување на три бродови
Нафтата во Лондон поевтини на 104,14 долари за барел
Авион на хуманитарна организација се урна во ДР Конго
Во Пакистан осуммина загинати и четри лица киднапирани
Во судири во северниот дел на Шри Ланка 48 загинати
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи