
|
 |
Вести / Свет
|
|
Таро Асо официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на владејачката ЛДП
Токио, 5 септември (МИА) - Генералниот секретар на владејачката Либерално-демократска партија во јапонија Таро Асо официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на партијата.
На 22 септември партијата треба да избере наследник на досегашниот претседател и премиер Јасуо Фукуда. Поранешниот шеф на дипломатијата Асо беше главен конкурент на Фукуда на изборите во 2007 година и сега се смета за најголем фаворит за функцијата.
Негови конкуренти се поранешната министерка за одбрана Јурико Коике, државниот министер за економија и даночна политика Каору Јосано и синот на гувернерот на Токио.
Според политички аналитичари во Токиот до 22 септември е можно да се појават и други кандидати, но за тоа секој од нив треба да има поддршка од 20 членови на партијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|