Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Насау, 5 септември (МИА) - Тропската бура Хана ја зголемува својата јачина и се движи во правец на југоисточниот брег на САД. Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека се уште постои можност таа да премине во ураган, иако се очекува незначително засилување пред да го зафати копното.
Бурата вчера ги зафати бреговите на Бахамските острови, предизвика прекин на електричната енергија на островот Кет, а причини и поплави на други источни острови. Владата на Хаити вчера објави дека во бурата загинале 137 лица.
Според прогнозите Хана утре треба да ги зафати бреговите на Северна или Јужна Каролина, но ветровите, кои ги носи бурата, нејверојатно ќе го погодат копното побрзо. Предупредувањата важат и за државите Џорџија, делавер и Њу Џерси, а во најопасните региони населението е евакуирано.
Веднаш по Хана, се движи тропскиот ураган Ајк, кој во моментов е со опасност од четврти степен. Ајк се движи од исток со брзина на ветрот од 215 километри на час и брзина на приближување од 22 километри на час. Многу брзо тој може да ги погоди Бахамските острови.
|