
|
 |
Вести / Свет
|
|
Ал Каеда го откри идентитетот на напаѓачот на данската амбасада во Исламабад
Дубаи, 5 септември (МИА) - Терористичката мрежа Ал Каеда го откри идентитетот на извршителот на самоубиствениот напад врз данската амбасада во Исламабад, во кој загинаа шест лица, соопшти американскиот Центар за набљудување на исламистичките сајтови.
Според видео снимката објавена на Интернет, напаѓачот се вика Абу Гариб ал Маки. Нападот бил извршен како одговор на објавените карикатури на пророкот Мохамед во данските весници, се вели на снимката, која содржи и закани од лидерот на Ал Каеда во Авганистан, Мустафа Абу ал Азид.
Египќанецот Ал Азид на 22 јуни во интервју за приватна пакистанска телевизија изјави дека напаѓачот дошол од Саудиска Арабија, што било демантирано од страна на саудискиот амбасадор во Пакистан.
Лидерот на авганистанскиот огранок на Ал Каеда им се заканува на видео снимката на два јазика на земјите кои го „посрамиле пророкот и Куранот“, додавајќи дека тоа што било видено и преживеано во данската амбасада е само почеток.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|