Иран го забрани увозот на кинески млечни производи
Техеран, 6 октомври (МИА) - Иранските власти го забранија увозот на кинески млечни производи, по скандалот со присуството на меламин во нив, кој предизвика здравствени проблеми кај илјадници деца во Кина.
- Увозот на храна и напитоци произведени во Кина, кои содржат млеко во прав, е забранет, се наведува во соопштението од иранското Министерство за здравство.
Хемиската супстанца меламин, која обично се користи за производство на пластика, е откриена во составот на кинеското млеко во прав за бебиња. Околу 53 илјади новороденчиња се разболеа по консумирањето на заразеното млеко, а четири од нив починаа. гс/9:16
http://www.focus-news.net/Images/space.gif http://www.focus-news.net/Images/space.gif http://www.focus-news.net/Images/space.gif http://www.focus-news.net/Images/space.
|