
|
 |
Вести / Свет
|
|
Популарноста на Обама поголема за три проценти од на Мекејн
Вашингтон, 7 октомври (МИА) - Демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама води со три проценти пред својот противник, републиканецот Џон Мекејн, покажуваат резултатите од социолошкото истражување на Ројтерс, кое е денеска објавено во западните медиуми.
За Обама гласале 48 отсто од анкетираните, додека Мекејн добил поддршка од 45 проценти испитаници. Околу четири отсто се изјасниле дека се уште немаат одлучено за кого ќе гласаат.
Кај воздржаните избирачи Обама ја има поддршката меѓу 42 и 49 проценти, а меѓу жените од 42 до 51 отсто. Според истражувањето овие две групи можат да го решат изборот за претседател доколку постои мала разлика меѓу кандидатите.
Сенаторот од Илиноис, кој има 47 години и кој би бил првиот црномурест претседател на САД, ја има поддршката на девет од 10 црномурести избирачи и предност кај лицата со латиноамериканско потекло, кај младите гласачи и кај луѓето со годишна заработувачка под 50 илјади долари. Сенаторот од Аризона, кој има 72 години, забележува предност кај мажите, белците, повозрасните избирачи, католиците и луѓето со годишна заработувачка од над 100 илјади долари, покажува анкетата.
Двајцата претседателски кандидати се очекува вечерва да излезат на вториот телевизиски дуел.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|