
|
 |
Вести / Свет
|
|
Рајс: Ал Каеда доживеа пораз во Ирак
Вашингтон, 7 октомври (МИА) - Терористичката мрежа Ал Каеда трпи пораз во Ирак и таа како целина е разбиена, изјави државниот секретар на САД Кондолиза Рајс на церемонијата во Стејт департментот, на која за добрата служба на амбасадорот во Багдад Рајан Крокер и на поранешниот командант на американските сили во оваа земја генерал Дејвид Петреус им врачи награди, пренесе АФП.
Рајс истакна дека економијата на Ирак полека се обновува, а Владата станува поефикасна и ја шири власта на целата територија на земјата.
-Сведоци сме на побезбеден и послободен Ирак, подвлече државниот секретар.
Кондолиза Рајс посочи дека заслуги за напредокот во Ирак имаат како самите Ирачани, така и американската армија и нејзините сојузници од коалицијата. Таа посебно ги потенцира заслугите на амбасадорот Крокер и генералот Петреус.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|