Американски автор на книга против Барак Обама уапсен во Нигерија
Најроби, 7 октомври (МИА) - Кениските власти уапсија во Најроби американски писател, кој е автор на книга во која се изнесени клевети за кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Барак Обама.
Писателот Џероум Корси, кој ја напиша книгата „Нацијата на Обама: лева политика и култ кон личноста“, е уапсен и притворен во имиграциската служба во Најроби.
Во кигата на Корси се тврди дека сенаторот од Илиноис е опасен радикал, кој не заслужува доверба. Книгата е полна со непотврдени информации, на пример дека Обама е одгледан како муслиман, дека е член на „радикална црномуреста секта“ и ја прикрива „црнимурестата омраза“.
Барак Обама е многу популарен во Кенија. Неговиот татко, кого тој многу малку го спомнува, е Кениец.
|