
|
 |
Вести / Свет
|
|
Тајван ја обвини Кина за обид за биолошка војна
Тајпеј, 7 октомври (МИА) - Шефот на тајванската служба за безбедност Тсаи Чао-минг ја обвини Кина дека пред шест години предизвика епидемија од САРС во рамки на подготовките за биолошка војна, а Кина го отфрли ова обвинение.
-Тоа се целосно неосновани и неодговорни изјави, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Чин Ганг, пренесуваат светските агенции.
Тајванските пратеници денеска се појавија во Собранието носејќи хируршки маски и знамиња со черепи, алудирајќи на вчерашната изјава на Тсаи, кој рече дека извори во Кина „се сомневаат во биолошка војна, но дека се уште немаат цврсти докази“.
Кина во 2002 година беше зафатена од епидемија на САРС ( тежок акутен респираторен синдром) од кој ширум светот умреа повеќе стотици лица, а само 350 лица во оваа земја.
Тсаи вчера на парламантарниот одбор му изјави дека САРС-от е „формула за биолошка војна“ во Кина и дека неговото Биро ќе продолжи да ја следи ситуацијата.
Претставникот на кинеското МНР Чин Ганг подготвено ги отфрли овие обвинувања, изјавувајќи дека за нив претходно не слушнал, но дека во секој случај тие се неосновани.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|