
|
 |
Вести / Свет
|
|
Нил Кашкари именуван за шеф на американската финансиска програма за излез од кризата
Вашингтон, 7 октомври (МИА) - Американското Министерство за финансии го именуваше поранешниот банкар од инвестициската банка „Голдман Сакс“ Нил Кашкари за шеф на владината економска програма за спас на загрозените домашни банки, вредна 700 милијарди долари, која минатата недела беше усвоена од Конгресот.
Кашкари (35) во Министерството за финансии на САД досега беше заменик за меѓународна економја и развој. Тој во Министерството работи од 2006 година заедно со сегашниот министер за финансии Хенри Полсон, поранешен шеф на „Голдман Сакс“.
Според извори во американската Влада Кашкари ќе ја извршува функцијата привремен заменик на министерот задолжен за финансиска стабилност.
Претставничкиот дом на Конгресот во петокот го усвои планот за стабилизација на финансискиот систем, загрозен со кредитната криза и крахот на банките, кој во историјата претставува најголема владина програма за помош на економијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|