
|
 |
Вести / Свет
|
|
„Старбакс“ одрекува дека расфрла вода
Светскиот синџир кафетерии „Старбакс" е обвинет дека попусто троши милиони литри вода секој ден.
Компанијата има правило според кое чешмите во кафулињата низ цел свет се оставаат да течат преку целиот ден.
Компанијата вели дека на тој начин се задоволуваат потребните здравствени и безбедносни мерки. Но организациите за животна средина се бесни.
„Старбакс" отсекогаш се обидувал да го заштити својот углед на компанија која се грижи за животната средина.
На нејзиниот вебсајт се вели следново: „Со преземањето мерки за да се намали отпадот од нашата работа и со рециклирањето, можеме да ги заштитиме природните ресурси на земјата и да го подобриме квалитетот на живот во светот".
И понатаму се вели: „Старбакс активно бара можности да го намали ударот врз животната средина".
Но кога една од посетителките на едно „Старбакс"-кафуле во Британија виде дека чешмата со вода зад шанкот постојано тече - и' се пожалила на компанијата.
Извршен директор на „Старбакс" и' напишал возвратно писмо велејќи дека мерките се спроведени низ сите нивни кафетерии во светот со цел да се спречи секаков ризик од појава на бакцили во цевките на чешмите или пак во мијалникот каде што се мие приборот.
Во едно „Старбакс"-кафуле во центарот на Лондон забележавме отворена чешма:
-„Се извинувам, зошто оваа чешма тече цело време?“
-„За работите да бидат чисти...лажиците и се' останато..."
-„Нели е тоа попусто трошење вода?“
-„Паааа, да....да, веројатно е."
Овој случај поттикна бура од протести во британските весници кои пак пресметале дека секој ден низ чешмите на „Старбакс" протекуваат повеќе од 23 милиони литри вода.
Организациите за животна средина го осудија ова однесување а групата „Waste Watch“ го опиша случајот како шокантно трошење скапоцена вода.
Управата на фирмата одби да даде интервју, но во соопштението се уверува дека нивниот систем функционира добро за да обезбедат дека одржуваат високи стандарди за здравјето и безбедноста.
И се вели дека иако признаваат оти има начини да се намали употребата на вода, компанијата се однесува во согласност со стандардите на Обединетите нации и оти мора да најде рамнотежа меѓу штедењето вода и потребата за безбедност на муштериите.
Но сега кога дел од клиентите почнаа да прашуваат незгодни прашања, можно е компанијата се најде под засилен притисок да ги затвора чешмите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|