Бомбаш самоубиец во Авганистан уби разузнавач и рани тројца полицајци
Кабул, 10 октомври (МИА) - Бомбаш самоубиец, денеска, на исток на Авганистан, уби еден разузнавач и рани тројца полицајци, додека меѓу настраданите нема цивилни жртви, соопштија локални функционери.
Нападот е изведен во дистриктот Бак, во провинцијата Хост, на околу 150 килонетри источно од Кабул, пренесоа медиумите.
-Бомбашот самоубиец му пришол и нападнал детектив додека овој одел на работа, потврди гувернерот на дистриктот Бак, Сајед Ахмад Кан, и додаде дека нема жртви, ниту повредени меѓу цивилите.
Странските медиуми потсетуваат дека талибанците најавија дека ќе ги интензивираат нападите во Авганистан во текот на годината во рамките на кампањата за соборување на авганистанската влада и протерување на странските сили од земјата, а тоа ќе го прави со примена на самоубиствени напади и подметнувањње бомби.
|