
|
 |
Вести / Свет
|
|
Пирати киднапираа брод кој пловел под панамско знаме
Босасо, 10 октомври (МИА) - Брод под панамско знаме кој пренесувал цемент беше киднапиран од страна на пирати во водите помеѓу Сомалија и Јемен неколку часа после ослободувањето на јапонскиот танкер, за кој е платен откуп од 1,6 милиони долари, соопштија денеска сомалиски претставници.
- Бродот кој пловел под панамско знаме вчера е киднапиран помеѓу јеменскиот остров на Сокотра и местото Босасо, потврди државниот министер на северниот сомалиски регион Пунтленд Али Абди Авер.
Авер рече дека екипажот на киднапираниот брод брои 11 членови од кои девет Сиријци и двајца Сомалијци.
Клучниот поморски пат помеѓу Јемен и Сомалија ги поврзува блискоисточниот Залив и Азија со Европа во други делови на светот преку Суецкиот канал и е клучен за превезување на нафтата од заливските земји.
Пиратите на тој пат само оваа година киднапираа повеќе од 30 бродови и земаа откуп во вкупна вредност од 18-30 милиони долари.
НАТО вчера одлучи да се вклучи во заедничката операција против пиратите по должината од 3.300 километри низ сомалискиот брег.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|