
|
 |
Вести / Свет
|
|
СЗО: Финансиската криза поттикнува ментални пореметувања
Женева, 10 октомври (МИА) - Глобалната финансиска криза веројатно ќе предизвика зголемен број проблеми со менталното здравје на луѓето како и зголемен број самоубиства, предупреди Светската здравствена организација.
СЗО нагласува дека влијанието на економската криза врз менталното здравје на луѓето може да биде исклучително изразено во земјите со средни и ниски примања, каде достапноста до лекување е ограничена.
Маргарет Чан, директор на СЗО предупредува дека сиромаштијата како и насилството, општествената изолација и постојаното чувство на несигурност се во корелација со менталните пореметувања.
Таа истакнува дека во многу земји со ниски и средни примања е регистриран недостиг од грижа за болните од некои ментални болести, а токму во таа група земји живеат три четвртини од ментално болните во светот.
Годишно во светот речиси еден милион луѓе се самоубиваат. СЗО вчерашниот ден го прогласи за Светски ден на менталното здравје.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|