
|
 |
Вести / Свет
|
|
„Амнести интернешенел“: Во Саудиска Арабија најмалку две јавни погубувања неделно
Ријад, 14 октомври (МИА) - Во Саудиска Арабија секоја недела се извршува погубување на најмалку два осуденици од кои речиси половината од нив се странци од сиромашните земји, соопшти денеска Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“.
Во извештајот се наведува дека смртната казна најчесто се извршува со јавно сечење на главата. Таквата казна е наменета за осудениците за убиство, за силување и за трговија со дрога, но оти судиите често изрекуваат таква казна и за сторителите на кражби, за обвинетите „за вештерство“ или за повреда на Куранот.
Во Саудиска Арабија годинава извршени се 158 смртни казни, додека минатата година нивниот број изнесуваше 36.
Во извештајот на „Амнести интернешенел“ се наведува дека меѓу погубените голем е процентот на сиромашни државјани на земјите од Азија и од Африка кои не го разбираат арапскиот јазик и кои немаат контакти со влијателни личности.
Правниот систем во Саудиска Арабија им дозволува на семејствата на жртвите да им простат на осудените убијци. Синот на министерот за внатрешни работи Најеф бин Абделазиз во последен момент се спаси од смртната казна откако семејството на човекот што го уби и во караница одлучи да му прости.
Саудиските претставници тврдат дека извршувањето на смртната казна со отсекување на главата е „хумана постапка која е во согласност со шеријатскиот закон“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|