
|
 |
Вести / Свет
|
|
Расте бројот на лицата со психички проблеми во Африка
Луанда, 14 октомври (МИА) - Бројот на заболени од епилепсија е 10 милиони луѓе, нас 34 милиони конзумираат канабис, а прекумерното конзумирање на алкохолот е директно или индиректно поврзано со 25 до 30 отсто од случаите на клиничко лекување, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација за Африка, Луис Гомес Самбо.
Многу фактори влијаат на зголемувањето на бројот на лицата со психички проблеми во Африка, како што се трајните психички трауми предизвикани од природните катастрофи, од војните и големата сиромаштија, но и поради изложеноста на инфективни и паразитски болести како и прекумерното конзумирање на алкохол, тутун и илегални наркотици.
Самбо наведува дека и ограничениот приод на населението до здравствените центри влијае на задоцнетото воспоставување на дијагноза и примена на терапијата што ги зголемува последиците по психичкото здравје и здравјето воопшто.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|