среда, 15.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Фатах го одби повикот на Хамас за билатерални разговори

Тел Авив, 14 октомври (МИА) - Организацијата Фатах на палестинскиот лидер Махмуд Абас го одби барањето на ривалскиот Хамас да се состанат пред преговорите за помирување на сите палестински фракции, кои треба да се одржат следниот месец во Каиро, соопштија денеска претставници на Фатах.

Умерениот Фатах тој повик го означи како обид на радикалното исламистичко движење Хамас за исклучување на преостанатите 11 палестински организации и за измена на планот на Египет.

Египетските посредници, предводени од шефот на разузнавачката служба, генералот Омар Сулејман, одржаа повеќе одвоени состаноци со претставниците на Фатах и на Хамас, со цел да се надмине јазот, кој настана откако Хамас со употреба на сила ја презеде контролата врз Појасот Газа во јуни 2007 година. Од тогаш Фатах владее само со Западниот Брег.

Абас инсистира Фатах да не се состане со Хамас, се додека движењето не се откаже од контролата врз Појасот Газа. 

Палестинските функционери нагласија дека дека 12-те фракции, кои припаѓаат на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), на чело со Фатах, го прифаќаат планот за помирување, предложен од Египет. Во планот се повикува на ставање крај на контролата на Хамас врз Појасот Газа, со формирање на преодна Влада, со што ќе се отвори пат за одржување парламентарни и претседателски избори и за помош на Арапите во повторната изградба на безбедносните сили.

Преговарачот на Хамас Муса Абу Марзук, кој живее во егзил во Дамаск, вели дека неговата организација се согласува на заедничка влада и повикува на формирање комитет за надминување на несогласувањата. Хамас победи на парламентарните избори на почетокот на 2006 година и со тоа и стави крај на децениската доминација на Фатах на палестинската политичка сцена. Абас е избран за претседател една година пред тоа, по смртта на долгогодишниот палестински лидер Јасер Арафат.


Наjновo од Вести
Јавна расправа по повод „Денот на белото стапче“
Баросо: Признавањето на Косово од страна на голем број држави на ЕУ е доказ дека не е преседан
Почетокот на вакцинацијата против грип во Кичево пролонгиран за утре
Замена на ФИРОМ со Република Македонија - Скопје, би било фер решение за името
Јавна расправа за социјалните права на слепите лица
Разговор со уметникот Александар Станковски во „Точка“
Почнува сезонската вакцинација против грип
Обама со 14 проценти пред Мекејн
Конзервативците победија на парламентарните избори во Канада
Рекорден дефицит во буџетот на САД од 454,8 милијарди долари
Фатах го одби повикот на Хамас за билатерални разговори
Рајс се ќе направи за помирување на Израелците и Палестинците
Буш во сабота во Кемп Дејвид ќе ги пречека Саркози и Баросо
Буш разговараше со европските партнери за излез од глобалната финасиската криза
Мурат Карајлан: Турција сака да го инволвира ирачки Курдистан во војна
Русија и врати на Кина половина од островот Болшој усурискиј
И во САД ќе се доделат 250 милијарди долари за спас на банките
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи