
|
 |
Вести / Свет
|
|
Буш разговараше со европските партнери за излез од глобалната финасиската криза
Вашингтон, 14 октомври (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш денеска телефонски разговараше со британскиот премиер Гордон Браун, со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Никола Саркози за изнаоѓање на решение за финансиската криза.
Во телефонските разговори била потенцирана потребата од координација на дејствувањето за надминување на светската финансиска криза.
Американскиот претседател Џорџ Буш денеска најави дека 250 милијарди долари ќе им бидат доделени на националните банки. Американското Министерство за финансии со наведената сума ќе купува акции од погодените банки со цел да се спасат од банкрот. ми/18:21
###
И во САД ќе се доделат 250 милијарди долари за спас на банките
Вашингтон, 14 октомври (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш денеска најави дека 250 милијарди долари ќе им бидат доделени на националните банки.
Американското Министерство за финансии со наведената сума ќе купува акции од погодените банки - „Бенк оф Америка“, „ВЕлс Фарго“, „Ситигруп“, „ЈП Морган Чејс“, „Голдман Сакс“, „Морган Стенли“ и „Бенк од Њујорк мелон корп“.
Одлуката за доделување на средствата со цел да се спасат американските банки од банкрот уследо пткако вчера Велика Британија, Франција, Германија и повеќето европски земји одлучија со директно вложување да ги помогат своите финансиски компании и да го стабилизираат домашниот и регионалниот финансискиот пазар.
И Јапонската банка на почетокот од неделата „вбризга“ над 30 милијарди долари на домашниот кредитен пазар со цел да го стабилизира финансискииот пазар.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|