
|
 |
Вести / Свет
|
|
Русија и врати на Кина половина од островот Болшој усурискиј
Пекинг, 14 октомври (МИА) - Русија денеска и официјално и врати на Кина половина од островот Болшој усурискиј, заземен во 1929 година од советската војска за време на еден граничен конфликт, пренесоа агенциите.
Кинески и руски дипломати участвуваа денеска на церемонијата на откривање на новите гранични столбови на островот Болшој усурискиј.
Портпаролот на кинеското Министерство на надворешни работи Цин Ган изјави дека решението на граничното прашање може да претставува пример за другите земји како да ги надминуваат деликатните и сложени проблеми. Според него, спогодбата постигната по многу години преговори, го одразува високото ниво на кинеско-руското стратегиско партнерство.
Кина и Русија во јули го подпишаа конечениот договор за спорниот регион, што се наоѓа на 4.300 километри долгата заедничка граница. Согласно документот, потпишан во Пекинг од двајцата министри за надворешни работи Сергеј Лавров и Јан Чичен, Русија и ги предава на Кина островот Тарабаров и половината од островот Болшој усурискиј, кој се наоѓа на сливот на реките Усури и Амур. Во иднина островот Тарабаров ќе се нарекува Инлундао, а Болшој усурискиј е поделен на два дела. Западниот дел, што преминува под кинеска јурисдикција, ќе се нарекува Хегсјачедао. Околу 170 километри потпаѓаат на Кина и приближно толкава површина на Русија.
Кинеската страна со разбирање се постави кон фактот дека границата минува во близина на новопроставениот православен параклис „Св. Виктор“ и при демаркацијата граничната линија е преместена подалеку од храмот, за да остане на руска територија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|