
|
 |
Вести / Свет
|
|
Планот на ЕУ за климатските промени ќе помогне во надминување на финансиската криза, тврди еврокомесарот за животна средина
Варшава, 14 октомври (МИА) - Справувањето со климатските промени ќе помогне, а нема да им наштети на напорите на владите на земјите од Европската унија за надминување на глобалната финансиска криза, изјави денеска еврокомесарот за животна средина Ставрос Димас.
Европската унија си постави за задача да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за една петина до 2020 година, во споредба со нивото од 1990 година, со тоа што ги принуди тешката индустрија и произведувачите на енергенси да плаќаат за да добијат дозвола за загадување.
- Сметаме дека тој пакет е компатибилен со решавањето на финансиската криза. Во моментов луѓето се фокусирани на економската криза, но нашиот план е дел од решението, изјави Димас во Варашава.
Еврокомесарот и претставници на повеќе од 30 земји учествуваат на неофицијална средба во Полска, на која се вршат подготовки за конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, што во декември ќе се одржи во полскиот град Познан.
Според Димас борбата со климатските промени означува инвестирање во енергетската ефикасност, обновување на енергетските извори и обезбедување на стимуланси за економскиот раст.
Полска и други поранешни комунистички земји, а сега членки на ЕУ, изразија загриженост, дека ограничувањата на емисијата на јаглерод диоксид ќе го забави нивниот економски раст, со тоа што ќе предизвика зголемување на цените на енергенсите.
- Пакетот е добар за Европа, бидејќи европската економија ќе стане поефективна, нагласи Димас и изрази надеж дека што е можно поскоро земјите од ЕУ ќе постигнат согласност за негово реализирање.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|