вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

Двајца војници убиени во престрелка на границата на Камбоџа со Тајланд

Бангкок, 15 октомври (МИА) - Двајца камбоџански војници се убиени и двајца повредени денеска при престрелка на границата со Тајланд, соопшти министерот за надворешни работи на Камбоџа Хор Намхонг.

Тајландски воен командант соопшти за петмина повредени тајландски војници.

Армијата на Камбоџа зароби десет тајландски војници по судирите во оспоруваниот граничен реон во близина на 900-годишниот храм Преах Вихеар,изјави Хор Намхонг на прес-конференција во Пномпен.

Министерот за надворешни работи додаде дека премиерот наредил кон заробениците да се однесуваат добро. Тие може да бидат вратени на Тајланд, доколку Бангкок побара. 

Јаболко на раздорот меѓу двете соседни земји е имено древниот храм Преах Вихеар, кого и Тајланд и Камбоџа го сметаат за дел од својата култура. Нивниот спор датира уште од 1962 година, кога Меѓународниот суд за правда одлучи дека остатоците од тој храм и припаѓаат на Камбоџа. Тајланд, меѓутоа тврди дека влезот на храмот се наоѓа на негова територија.

УНЕСКО годинава го вклучи храмот во списокот на светското културно наследство, каде тој фигурира како камбоџански.


Наjновo од Вести
Почина синот на Марина Туцаковиќ
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Постои голема веројатност од напад со оружје за масовно уништување врз голем град, тврдат американски експерти
Заменик-министерот за култура Недељковиќ на конференција за интеркултурен дијалог во Баку
Вицепремиерот Боцевски во посета на Брисел
Буш најмногу жали поради слабите разузнавачки податоци за Ирак
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Рајс против контактите на земјите на НАТО со Русија
Велика Британија загрижена од засилувањето на затегнатоста во односите меѓу Индија и Пакистан
Индија побара од Пакистан да предаде 20 луѓе барани од индиското правосудство
Силен земјотрес го погоди Тајван
МААЕ бара вложување на повеќе финансии за „атомско земјоделство“
Индексот Дау Џонс опадна за 7,7 отсто
Опозициските партии во Канада ќе се обидат да ја урнат Владата со гласање недоверба
Богатиот свет се повеќе има потреба од странски работници
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи