сабота, 20.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Вести / Свет

Обама: САД се стремат да ги градат односите со Русија врз основа на еднаквост

Вашингтон, 3 јули (МИА) - САД се стремат „да ги изградат односите со Русија врз основа на еднаквост, изјави синоќа американскиот претседател Барак Обама во интервју за руски медиуми, пред закажаната посета на Москва следната недела каде ќе оствари средба на високо ниво. 

- Русија е голема земја со исклучителна култура и традиција. Таа останува меѓу најмоќните држави во светот. Според мене таа има колосален потенцијал како сила за поддршка на стабилноста и развојот на меѓународната заедница, истакна Обама.

Тој потсети дека во последните години „имало период во кој руско-американските односи не беа на висина“.

- Откако ја презедов функцијата изјавив дека сакам да го притиснам копчето за рестарирање на односите меѓу САД и Русија, нагласи американскиот претседател.

Според него, денес се откриваат сериозни можности за меѓусебна соработка во областа на економијата, одбраната, борбата против терористичките закани во двете земји, проширувањето на трговијата, а исто така и во „конструктивното реагирање за прашања како Иран“.

Обама рече дека Русија и САД се нуклеарни држави и поради тоа врз нив лежи и специјална одговорност, оценувајќи дека двете држави треба да соработуваат во зајакнување на мирот.

Американскиот претседател изрази задоволство од претходните средби со рускиот лидер, објаснувајќи дека „претседателот Дмитриј Медведев е многу темелен и прогресивен човек и успешно ја води Русија низ 21. век“.

По повод претстојната прва негова средба со рускиот премиер, Обама истакна дека Владимир Путин „јавно е многу силен лидер на рускиот народ“.

Обама изрази надеж дека претстојните разговори во Москва ќе му помогнат „подобро да ги разбере“ политичките приоди на руските лидери и тоа што им предизвикува вознемиреност. 

- Да се надеваме дека од своја страна тие ќе дојдат до заклучок дека со мене може да се работи ефективно, нагласи американскиот претседател.


Наjновo од Вести
Во Куманово состанок на Локалниот совет за превенција
Израелските воени авиони кои прелетале над Будимпешта извршувале лет за обука
МЦМС: Преку амандманите се подобрува текстот на законот за спречување и заштита од дискриминација
Бркотница по избеган затвореник
Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците
Европски организации со соопштение по повод Меѓународниот ден на укинување на расната дискриминација
Турскиот колеџ „Јахја Кемал“ го организира својот традиционален саем на науката во Велес
Иранските власти потврдија затворска пресуда за активист за реформи кој беше и поранешен потпретсеадтел
Суша погоди повеќе од 50 милиони луѓе во Кина
Гордон Браун го поддржа запирањето на изградбата на нови изралески населби
Силен тропски циклон и се заканува на североисточа Австралија
Шокантен спот на Гринпис против компанијата „Нестле“
Продожуваат антивладините протести во БАнгкок
Кај Ејде: Апсењето на талебанските лидери во Пакистан ги блокираат можностите за комуникација со талебанското движење
Четворката за мир на Блискиот Исток ги повика Израел и Палестинците да ги обноват преговорите
Во Авганистан годишно се произведуваат 820 тони хероин
Во Москва состанок за воспоставување на израелско-палестински дијалог
Optic
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи