петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

„Свинскиот грип сега е незапирлив“

Здравствените експерти кои се на конференција во Канкун, Мексико велат дека дека свинскиот грип сега е незапирлив.

Сепак , повеќето луѓе кои го добиваат вирусот целосно заздравуваат, но има загриженост за тоа колку брзо тој се шири во некои земји како и за можоста да мутира.

Поминаа два месеца откако свинскиот грип за прв пат се појави во Мексико. Од тогаш тој се прошири во стотици земји и зарази 70 илјади луѓе, а починаа над 300.

Во поголемиот дел од случаите грипот е многу лесен, но ги загрижува здравствените работници бидејќи брзо се шири во јужната хемисфера каде е во тек зимската сезона на грипови.

Жртви

Во Чиле починаа 15 лица, а 26 во Арегнтина. Мексико вели дека има нов бран на случаи.

Маргарет Чан , генерален директор на Светската здравстемна организација го пофали Мексико за реакцијата во првите фази на избувнувањето на болеста.

„Мексико рано го предупреди светот и понуди модел за брзо и транспарентно известување, агресивни мерки за контрола и споределување на податоците и примероците."

Британската влада соопшти дека може да има 100 илјади нови случаи на свински грип до крајот на месецов.

А има и предупредувања за купувањето преку интернет на лекот Тамифлу, кој помага во лечењето.

Дејвид Прус, портпарол на Кралското фармацевтско здружение, вели дека овој лек сега е во најголемиот дел од несаканите електронски пораки, дури и пред лекот за сексуална имопотенција Вијагра.

„Мислиме дека сега тамифлу е најзлоупотребуван лек на интернет. Тој ја надмина Вијаграта. Добар дел од него може да биде фалсификуван, што значи може да биде од едноставен шеќер до отров за глувци".

Лекување

Здравствените претставници потенцираат дека повеќето луѓе заздравуваат од вирусот без било каков лекарски третман.

И велат дека вакцината за свинскиот грип може да биде готова идниот месец, по исцрпното тестирање.

Светската здравствена организација е загрижена со можноста вирусот да мутира.

Но, се вели и дека како и сите вируси на грип и Х1Н1 може да изненади.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Ураганот Ерл се наближува до Северна Каролина
Мексиканската армија уби најмалку 25 членови на наркокартел
Изгаснат пожарот на нафтената платформа во Мексиканскиот Залив
Абас го предупредил Нетанјаху дека нема нови преговори ако Израел ја обнови изградбата на еврејски населби на Западниот Брег
Дел од палестинските исламистички групи заеднички ќе дејствуваат против Израел
Абас и Нетанјаху одржаа директни мировни преговори
Клинтон и Мичел ќе учествуваат во вториот круг израелско-палестински преговори
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи