Обама ја доби Нобеловата награда за мир

Осло, 9 октомври (МИА) - Претседателот на САД Барак Обама ја доби Нобеловата награда за мир. Тој беше избран од петчлен Нобелов комитет со седиште во Осло.

Претседател на Комитетот е претседателот на норвешкиот парламент и поранешен премиер на Норвешка Туорн Јагланд, неодамна избран за генерален секретар на Советот на Европа.

Нобеловата награда за мир претставува златен медал, диплома и парична сума од 10 милиони шведски круни (околу 1,4 милиони долари). 

Церемонијата на врачување на наградата ќе се одржи на 10 декември во Осло, а следниот ден по традиција ќе има концерт во чест на новиот Нобелов лауреат за мир.

Церемонијата ќе ја водат американскиот актер Вил Смит и сопругата Џејда Пинкет Смит. Од 2000 година досега лауреати на Нобеловата награда за мир се:

- Јужнокорејскиот претседател Ким Дае Јунг - 2000 година
- Кофи Анан, геенрален секретар на ОН - 2001 година
- Џими Картер, 39-ти американски претседател - 2002 година
- Ширин Ебади, иранска адвокатка - 2003 година
- Вангари Маатхај, кенијска екологистка - 2004 година
- МААЕ и нејзиниот директор Мохамед ел Барадеј - 2005 година
- Мухамад Јунус, економист од Бангладеш - 2006 година
- Меѓувладина експертска група на ОН за климатски промени и поранешниот американски потпретседател ал Гор - 2007 година
- марти Ахтисари, поранешен претседател на Финска - 2008 година

Досега, Нобеловата награда за мир била доделена 89 пати. За првпат е доделена во 1901 година на основачот на МКЦК, Жан Анри Дунан и на Французинот Фредерик Паси, економист и основач на француското Друштво на пријатели на мирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...