Братот на авганистанскиот претседател добивал пари од ЦИА

Вашингтон, 28 октомври (МИА) - Братот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Ахмед Карзаи редовно добивал пари од американската ЦИА, пишува весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи актуелни и поранешни американски високи функционери.

Ахмед Карзаи е осомничен за важен учесник во трговијата со опиум во Авганистан, а изминатите осум години, според весникот, ЦИА му плаќала пари за повеќе услуги, меѓу кои и за собирање луѓе за учество во авганистанските паравоени сили, кои дејствуваат по наредбите на ЦИА во и околу јужниот град Кандахар.

Братот на авганистанскиот претседател изјави дека соработува со американски цивилни и воени претставници, но оти не е вклучен во трговија со дрога и не прима пари од ЦИА.

ЦИА не ја потврди, но ниту ја демантираше оваа информација.

Според весникот финансиските врски на ЦИА со Ахмед Карзаи и нивната меѓусебна соработка предизвикале длабоки несогласувања во администрацијата на Обама, а аналитичарите сметаат дека тие врски натамошно ги комплицираат и онака затегнатите односи меѓу Вашингтон и претседателот Карзаи.

- Овие активности на ЦИА исто така покажуваат дека САД не прават се за да се справат со високопрофитната трогвија со дрога во Авганистан, која е главен извор за финансирање на талибанците, додава „Њујорк тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...