Абдула Абдула ќе го бојкотира вториот круг од изборите

Кабул, 31 октомври (МИА) - Поранешниот авганистански министер за надворешни работи Абдула Абдула ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори во Авганистан, доколку до крајот на денов не се обезбедат серија услови со кои ќе се гарантира оти гласањето ќе се одвива регуларно, соопштија претставници на изборниот штаб на претседателскиот кандидат.

- Нема да учествуваме на изборите, доколку тие не бидат транспарентни и регуларни, изјави претставник на изборниот штаб на Абдула.

Во вториот круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 7 ноември, ќе учествуваат Абдула Абдула и актуелниот авганистански претседател Хамид Карзаи.

Првиот круг од изборите беше одбележан со насилство, слаб одѕив на гласачите (38,7 проценти) и масовни изборни нерегуларности во корист на Карзаи.

Абдула Абдула на почетокот на неделата побара разрешување на претседателот на Независната изборона комисија, која е одговорна за организација на гласањето и за пребројувањето на гласовите, обвинувајќи го дека дејствувал во корист на Карзаи. Од администрацијата на претседателот го отфрлија ова барање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...