Мисијата на НАТО во Авганистан мора да продолжи

Лондон, 12 ноември (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска во Лондон изјави дека мисијата на Алијансата во Авганистан мора да продолжи и дека сите земји членки ќе треба да испратат повеќе војници.

Проблемите околу корупцијата во авганистанската власт постојат и потребно е тие да бидат елиминирани, но тоа не треба да се врзува за борбениот дел на мисијата на меѓународната заедница во оваа земја, рече Расмусен.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, реакцијата на Расмусен доаѓа непосредно по обелоденувањето на телеграмата на американскиот амбасадор во Кабул Карл Ајкенбери, кој од претседателот Барак Обама бара да не испраќа дополнителни трупи во Авганистан се додека администрацијата на претседателот Хамид Карзаи не се справи со корупцијата и не го измени својот приод во управувањето со земјата. Американската команда во оваа земја веќе побара уште 40 илјади војници за борба со талибанците.

Расмусен престојува во Лондон, каде утрово се сретна и разговараше со британскиот премиер Гордон Браун околу идната стратегија во Авганистан и потребата за засилување на борбениот состав на меѓународните сили во борбата со талибанските бунтовници.

Британската влада претходно соопшти дека ќе испрати дополнително уште 500 војници за својот контингент во провинцијата Хелманд, но дека таа одлука ќе се активира тогаш кога САД ќе одлучат да го зголемат бројот на своите војници во Авганистан.

Официјален Лондон и овој па од генералниот секретар на НАТО побара товарот на авганистанската војна да биде подеднакво распределен меѓу сите земји-членки на Алијансата.

Во изјава за британските медиуми, Расмусен изрази жалење поради убиството на петмината британски војници од еден талибанец, инфилтриран меѓу припадниците на новите авганистански безбедносни сили кои се обучувани од воени полицајци на армијата на Велика Британија, но објасни дека тоа сепак е изолиран случај.

- Нашата мисија во Авганистан ќе заврши тогаш кога авганистанските безбедносни сили се оспособат самите да се грижат за сигурноста на земјата, рече генералниот секретар на НАТО, инсистирајќи дека мора уште повеќе да се интензивира обуката и тренингот на новите полициски и воени сили на оваа земја.

Според Расмусен, сите членки на НАТО треба да обезбедат повеќе извори за целата борбена и тренинг мисија во Авганистан.

Тој изјави дека се согласува со идејата на премиерот Браун, како ќе се обучуваат Авганистанците, така полека да им се предаваат тамошните провинции на управување и водење грижа за безбедноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...