Светот во 2009: Силвио Берлускони – дрскост и убавина

28 декември

Тешко дека некој може да остане рамнодушен кога станува збор за скандалозниот италијански премиер Силвио Берлускони. Берлускони, освен медиумски магнат, е и медимски херој, без разлика дали е добар или лош во зависност од гледната точка.

Премиерот очигледно не може да биде пример за воздржаност, што е карактеристика на многу политичари во старата Европа. Тој сепак е медиумска ѕвезда, а ѕвездите можат да си дозволат да бидат скандалозни. Во извесен степен тоа дури е и неопходно. Берлускони е премиер на Италија – каде, како и во многу други земји, медиумите ги диктираат постулатите на општествената култура, а тоа несомнено се одразува и на политичката. Меѓу нивните изразни средства владеат блескавост, убавина, пари и, се разбира, сексот, како што истакнува Ерик Гандини во својот филм „Видеократија“ критикувајќи го влијанието на медиумската империја на Берлускони врз италијанската општа култура. Сето тоа влијае на публиката и на тој начин пораките од медиумите стигнуваат до максимално голем дел од неа.

Италијанците се емотивни луѓе, во огромен дел под влијание на популарната култура на физичка убавина и блескавост, истакнува Гандини во „Видеократија“. Неслучајно најпознатите модни и дизајнерски куќи се италијански. Затоа не треба да се изненадуваме кога повеќето Италијанци не реагираат против некој гаф, несолена шега или скандал околу сексуалниот живот на премиерот. Неговата империја игра значајна улога во наметнувањето на идеалот за италијанската жена, чие најголемо достоинство и во исто време основно средство за постигнување на нејзините цели, е убавината. Како резултат на тоа, младите Италијанки масовно се стремат да личат на тој идеал, како што докажа 25-минутниот филм на миланската бизнисменка Лорела Ѕанардо. Во него таа прашува ученички што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Најчестиот одговор меѓу 16 и 17-годишните е „велина“ – збор со кој Италијанците ги нарекуваат младите убавици, кои се радуваат на значително присуство во медиумите, или таканаречените „шоу-девојки". На италијанските мажи очигледно им се допаѓа тој идеал и му завидуваат на неговиот одржувач Силвио Берлускони.

Кој не би му завидувал ! На 73-годишна возраст премиерот е живо олицетворение на голем успех, така, како што си го замислуваат повеќето мажи на планетата. Безобразно богат, располага со огромна власт и опкружен со убави жени. Тие се насекаде  - во неговиот приватен живот, во етерот на неговите телевизии, во Парламентот, во Владата.

Просечниот Италијанец (и не само тој) тешко дека често се прашува дали некоја жена е е интелигентна, образована и продуховена, доволно е таа да е убава. Затоа, кога оваа година Берлускони ги наполни избирачките листи на својата партија „Народ на слободата“ за Европскиот парламент со имиња на млади убавици со скромно или никакво политичко искуство, незадоволството дојде не од народот, туку од неговата сопруга Вероника Ларио.

Парадоксално, таа и се спротивстави на лекомисленоста – според неговите критичари - на нејзиниот маж и на тој начин ги заштити интересите на избирачите, кои изгледа немаа ништо против во Брисел да испратат европратенички кои добро изгледаат со сомнителна компетентност.

Постојано високиот рејтинг на премиерот, кој сепак малку падна во услови на економска криза, покажува дека Италијанците се склони да му ги простат не само наводните сексуални авантури, туку и мнгубројните корупциски скандали, осомниченоста дека е поврзан со мафијата и неговите обиди да се стави над законите со обидите да го промени Уставот што би му обезбедило имунитет за судска истрага. Народот можеби и му прости за последното, но Уставниот суд не. Тој утврди дека Законот за имунитет кој Берлускони сам го протурка е во спротивнсот со неколку членови од Уставот, вклучувајќи го и третиот член кој гласи дека сите граѓани на Италија се еднакви пред Законот.

Тоа се покажа како Пандорина кутија за премиерот кој ќе треба да се справи со државничките обврски, но и со многу обвиненија од кои некои веќе стигнаа до суд. Италијанските судови не се толку толерантни кон политичарите кои свртеле од вистинскиот пат како што тоа понекогаш се избирачите. Доказ за тоа е операцијата „Чисти раце“ во 90-тите години.

Задачите на Берлускони во наредната година нема да бидат лесни. Тој ќе треба уверено да стои на државното кормило, да се справи со проблеми како што е економската криза, криминалот и илегалната имиграција, а во исто време да се брани од се поострите напади на опозицијата и странскиот печат. Несомнено ќе мора да објасни повеќе неудобни прашања како случајот со британскиот адвокат Дејвид Милс кој беше осуден на 4,5 години затвор затоа што посредувал за поткуп од 600 илјади долари во полза на Берлускони во две дела против неговата компанија „Фининвест“.

Во последната година репутацијата на Берлускони на меѓународната сцена беше намалена пред се поради скандалите во неговиот приватен живот. Неговата сопруга соопшти дека сака развод поради авантурите со млади жени. Капката што ја прелеа чашата на трпението на Вероника Ларио беше веста дека мажот и присуствувал на забавата по повод 18-от роденден на фото моделот Ноеми Летиција на која и подарил скап дијамантски накит и која му се обраќала со „татенце“.

Така всушност му се обраќаат сите убавици кои Берлускони ги кани на своите забави во Сардинија или во Рим, ако и веруваме на книгата со мемоари „Забавувајте се господине премиер“ на Патриција Д'Адарио која тврди дека поминала бурна ноќ со премиерот за која тој си платил. Берлускони како вистински женкар демантира дека плаќал за сексуални услуги. По повод тврдењата на Д'Адарио во септември тој изјави. „Никогаш во мојот живот, ниту еднаш, не сум плаќал за секс. И ќе ви кажам зошто. За човек кој сака да владее најголемо задоволство е да освојува. Така сакам да ве прашам - каде е задоволството ако си платите? Таа филозофија ќе ви помогне да си објасните зошто Италијанците ме сакаат и зошто имам 68,4 проценти рејтинг на одобрување“.

Што може да се каже после таква изјава ? Берлускони е мајстор на популизмот и добро ја познава душата на италијанскиот народ. Проблемите за него следната година ќе дојдат не толку од страна на избирачите, туку од опозицијата на Парламентот, од судовите кои тој многу пати ги обвини дека се дувло на комунисти решени да го уништат и донекаде од странските лидери кои покрај пристојноста се почесто ги критикуваат неговите изјави.

Но дали навистина љубовта на избирачите кон Берлускони е неограничена ? На 13 декември 73-годишниот премиер кој се смеша со толпата во својот типичен популистички стил беше нападнат од маж со психички проблеми - 42-годишниот Масимо Тарталија. Премиерот беше хоспитализиран со фрактура на носот, два скршени заба и расцепена горна усна. Таткото на напаѓачот призна дека семејството ја поддржува опозицијата но додаде: „Не знаев дека син ми го мрази премиерот“. Настанот покажа дека сепак има Италијанци кои го мразат. Само неколку часа по нападот околу 20 илјади лица на Фејсбук го прогласија Тарталија за херој. Пред извесно време голема група демонстранти се собраа во Рим за акција под наслов „Ден без Берлускони“ при што премиерот беше објект на обвинувања и потсмев. Според списанието „Економист“ Берлускони имал пречувство дека во Милано може да се соочи со непријатности. Додека патувале на партиски митинг тој го прашал својот портпарол: „Мислиш ли дека може нешто да се случи?“ За време на митингот толпата го исвиркала, а тој реагирал со зборовите: „Срамота, срамота, срамота“. Чудно е што во таква ситуација премиерот одлучил да се смеша со толпата.

Едно е јасно - на Берлускони ќе му бидат неопходи здрави нерви, добра одбрана од дрскоста и добри адвокати затоа што и покрај високиот рејтинг, иднината му е неизвесна.

Политичкиот живот во Италија од секогаш бил бурен. Премиерот сепак има неколку предности - силно влијание врз медиумите, симпатија на масата и искуство во политичките игри. И покрај сериозните престапи тој има добра шанса да го заврши својот мандат (што е ретка појава во Италија) и да си замине од власта со високо ниво на општествено одобрување. Ако тоа се случи, независно од неговите многубројни недостатоци, европските политичари ќе можат да учат од него како треба да му се додворуваат на народот во целина (и на жените поединечно) и како се останува на власт во екстремни услови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...