Катастрофален земјотрес го погоди Хаити

Вашингтон, 13 јануари (МИА) - Силен земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала го погоди островот Хаити. Под закана за цунами се карибските држави Хаити, Куба, Доминиканската Република и Бахамите, соопшти Тихоокеанскиот центар за следење цунами.

„Постои опасност од појава на локални цунами кои може да погодат до стотина километри од епицентарот на земјотресот“, се вели во соопштението. Епицентарот според првото соопштение е регистриран во морето, но подоцна беше прецизирано дека е на копно на 10 км. од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Неколку минути по првичниот потрес регистриран се и два други со интензитет од 5,9 и 5,7 по Рихтер, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Во главниот град на Хаити, каде живеат околу два милиона жители, има големи материјални штети и најверојатно голем број загинати, јавуваат американски медиуми.

- Бројот на загинатите е неколку стотици, изјави лекар во градот. - Центарот на градот е разрушен, ова е вистинска катастрофа, изјави локален жител.

Комуникациите се прекинати, а урната е и зградата на мисијата на ОН за стабилизирање на Хаити. Бројот на луѓе во мисијата е околу 9.000.

Во инсерти на американски телевизии се гледаат разрушени голем број згради меѓу кои и претседателската палата. Во Вашингтон се подготвува итно испраќање помош за карипската држава. Потресот бил почувствуван и од жителите на источниот дел од Куба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...