Центарот на Порт-о-Пренс речиси целосно уништен од земјотресот

Порт-о-Пренс, 13 јануари (МИА) - Неколку илјади луѓе најверојатно ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес што се случи синоќа во Хаити, а според извештаи на американски медиуми, центарот на главниот град Порт-о-Пренс е речиси целосно уништен.

Во градот нема струја, а луѓето се вон своите домови.

- Куќи се урнати и голем број се наоѓаат на улица. Има многу повредени, изјави за Би-Би-Си жител на градот.

Други очевидци зборуваат за хаос, мртви тела на улиците и за луѓе кои копаат по урнатините во обид да спасат преживеани.

Комуникациите се тешко оштетени. Тешко оштетени се и болници, неколку хотели, претседателската палата и зградата на мисијата на ОН чии претставници потврдија дека голем број од персоналот се води како исчезнат. Мисијата има околу 9.500 луѓе.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во момент на земјотресот била на Хаваи.

- Се уште се собираат податоци за катастрофалниот земјотрес и последиците. САД понудија помош за Хаити и за другите држави во регионот, изјави Клинтон.

Франција исто така вети помош, а Венецуела планира да испрати воен авион со храна, лекови и вода за пиење.

Интерамериканската банка за развој соопшти дека одобрила 200 милиони долари помош за Хаити.

Силен земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала го погоди синоќа островот Хаити. Епицентарот според првото соопштение бил регистриран во морето, но подоцна беше прецизирано дека тој бил на копно на 10 километри од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Неколку минути по првичниот потрес, регистрирани се и два други со интензитет од 5,9 и 5,7 по Рихтер, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Во главниот град на Хаити живеат околу два милиона жители. Потресот бил почувствуван и од жителите на источниот дел од Куба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...