вторник, 16.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Вести / Свет

Началникот на најголемата воено-воздухопловна база во Канада уапсен и обвинет за убиство и за сексуално насилство

Монтреал, 9 февруари (МИА) - Началникот на најголемата воено-воздухопловна база во Канада полковник Расел Вилијамс беше уапсен и обвинет за убиството на две млади жени, како и за два случаи на сексуално насилство.

Телото на 27-годишната Џесика Лојд, прогласена за исчезната пред десет дена, било пронајдено вчера во општината Твид, провинција Онтарио, каде што живее 46-годишниот полковник Вилијамс - началник на воено-воздухопловната база во Трентон, се вели во соопштението на полицијата во Онтарио.

Уапсениот офицер е обвинет исто така и за убиство со умисла на десетарот Мари-Франс Комо, која била пронајдена мртва во својот дом во Брајтон, во истиот регион, во ноември 2009 година. Таа служела во 437-от ескадрон од канадските сили во Трентон и била под наредба на полковник Вилијамс.

Началникот на Генералштабот на канадските военовоздухопловни сили генералот Андре Дешан изјави дека го прифаќа искучително сериозно секое обвинение против неговиот потчинет за нарушување на воениот кодекс или за злосторство.

Вилијамс исто така е обвинет и за сексуално насилство минатата година врз две жени, посочува полицијата.

Поради сличноста на овие две злосторства со други сериозни случаи во околината на Белвил, полицијата проверува дали тие се поврзани.

За време на својата кариера, Вилијаммс пилотирал со авионот СС 144 „Чалинџер“, користен од гувернерот и од премиерот на Канада, како и од членови на британското кралско семејство при посетата на Канада.

Пред да раководи со 437-от ескадрон во Трентон пред две години, тој бил началник на канадската тајна база на Блискиот Исток - Кемп Мираж во близина на Дубаи.


Наjновo од Вести
Вработените во грчката Национална електрична компанија стапуваат во 48-часовен штрајк
Престрелка изби пред индискиот вселенски центар
Почина најмалиот човек во светот
Министрите за финансии од еврозоната се согласија по планот за финансиска помош за Грција
Стејт департментот отвори интернет форум, на кој можат да се изнесат ставови за американската надворешна политика
Дваесет и пет рудари загинаа во пожар во кинески рудник за јаглен
Министрите за финансии од еврозоната се согласија по планот за финансиска помош за Грција
Демонстрантите во Бангкок даваат крв со цел ритуално да ја испрскаат зградата на Владата
Во Иран забранета најголемата реформска политичка партија
Нов силен земјотрес го погоди Чиле
Нeма да има никакви преговори со Израел, додека продолжува изградбата на еврејски населби на палестински територии
Американците им ја предадоа на Ирачаните контролата врз затворот во Таџи
Едно лице загина во напад врз американска база во Авганистан
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи