Во силниот земјотрес во Чиле загинаа најмалку 147 лица

Сантиаго, 27 февруари (МИА) - Најмалку 147 лица загинаа во силниот земјотрес кој утрово го погоди Чиле, покажуваат неконечните податоци на спасувачките служби.

Земјите со излез на Тихиот океан почнаа со евакуација на населението од крајбрежните зони, откако американските власти објавија тревога поради опасност од цунами.

Цунами бран со височина од 2,34 метри погоди дел од чилеанското крајбрежје, соопшти пацифичкиот центар за предупредување од цунами. Бранот го погодил градот Талкауано и уште десет села во 6.53 по Гринич, 20 минути по земјотресот со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала. Други податоци не се соопштени.

Првиот земјотрес беше регистриран во 03:34 по локално време со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала, а 18 минути подоцна следуваше уште еден, со интензитет од 6,2 степени.

Меѓународниот аеродром во Сантјаго е затворен и сите летови до и од тој аеродром се одложени.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на градот Консепсион, 317 километри југозападно од Сантјаго, на длабочина од речиси 60 километри. Земјотресот е почувствуван и во Аргентина.

Консепсион е втор по големина град во Чиле, каде живеат 200 илјади луѓе.

Во Чиле е регистриран и најсилниот земјотрес во светот. Во 1960 година загинаа 1.655 лица во земјотресот со јачина од 9,5 степени по Рихтеровата скала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...