петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

НАТО не може да донесе мир во Авганистан

Кабул, 10 март (МИА) - НАТО не може да донесе мир во Авганистан, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад по пристигнувањето во Кабул.

- Ние не сметаме дека присуството на меѓународни сили во Авганистан е решение кое ќе доведе до воспоставување мир во земјата, истакна Ахмадинеџад на заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

- Решението е во преземање контрола врз ситуацијата од страна на легитимната Влада на Авганистан", додаде иранскиот претседател.

Тој истакна дека Иран не игра никаква улога во прашањето за безбедноста во Авганистан и рече дека иранските власти од секогаш биле на страната на авганистанската Влада и народ во однос на безбедноста во Авганистан.

Ахмадинеџад денеска претпладне пристигна во Кабул, кусо време пред американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс да си замине од тридневната посета на Авганистан. За време на посетата Гејтс го обвини Техеран дека игра „двојна игра“ во Авганистан затоа што од една страна ја поддржува Владата, а од друга - талибанците.

Коментирајќи ја изјавата на Гејтс, иранскиот претседател рече дека не Техеран, туку САД играат двојна игра во Авганистан затоа што „се борат против тероризмот кој самите го создадоа“.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Ураганот Ерл се наближува до Северна Каролина
Мексиканската армија уби најмалку 25 членови на наркокартел
Изгаснат пожарот на нафтената платформа во Мексиканскиот Залив
Абас го предупредил Нетанјаху дека нема нови преговори ако Израел ја обнови изградбата на еврејски населби на Западниот Брег
Дел од палестинските исламистички групи заеднички ќе дејствуваат против Израел
Абас и Нетанјаху одржаа директни мировни преговори
Клинтон и Мичел ќе учествуваат во вториот круг израелско-палестински преговори
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи