Ерусалим не е израелска колонија, туку престолнината на Израел

Вашингтон, 23 март (МИА) - Ерусалим не е израелска колонија, туку е престолнината на Израел, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот што го одржа во Вашингтон пред делегати на годишната конференција на најголемата еврејска лоби организација во САД.

-Еврејскиот народ го изгради Ерусалим пред 3.000 години и продолжува да го гради и денеска. Ерусалим не е некаква колонија. Тоа е нашата престолнина, рече премиерот.

На овие зборови 7.500-те делегати станаа на нозе и бурно го поздравија со ракоплескање.

Нетанјаху во говорот изрази увереност дека Израел и во иднина ќе ги зачува пријателските односи со САД, нарекувајќи ги „најголемата земја во светот“.

Односите меѓу САД и Израел во моментов се затегнати заради израелските планови за изградба на нови населби во анектираниот источен дел на Ерусалим.

Во говорот Нетанјаху ја спомена и иранската нуклеарна закана.

-Израел очекува од меѓународната заедница да дејствува брзо и решително, за да ја спречи опасноста Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Но, Израел, сепак, го зачувува правото самиот да се заштитава од ваквата закана, изјави премиерот.

Нетанјаху денеска треба да има средба со американскиот претседател Барак Обама. Доцна синоќа во хотел во Вашингтон тој имаше разговор и со државниот секретар на САД Хилари Клинтон, но детали од разговорот не беа соопштени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...