Иран ќе возврати на евентуалниот американски нуклеарен напад

Техеран, 7 април (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ги предупреди САД дека Техеран ќе возврати ако американскиот претседател Барак Обама го реализира тоа што е запишано во нуклеарната стратегија на Вашингтон, во која не се исклучува користење на нуклеарно оружје против Иран.

- Се надевам дека распространетата информација за стратегијата не е точна. Беше соопштено дека Обама се заканува да примени нуклеарно и хемиско оружје против земјите кои не се покоруваат на САД. Внимавај Обама, ако одиш по стапките на поранешниот претседател Џорџ Буш некои земји ќе ти возвратат со гром и удар, како и на Буш, наведе Ахмадинеџад.

Иранскиот претседател Обама го нарече „каубоец, неискусен почетник кој ја следи волјата на Израел“.

Обама во вчерашното интервју за „Њујорк тајмс“ ја изложи новата американска стратегија со која се ограничува можноста за употреба на нуклеарно оружје.

За првпат САД се обврзуваат дека нема да употребат нуклеарно оружје против држави кои не го поседуваат, дури и кога такви држави би ги нападнале САД со биолошко или хемиско оружје или би покренале „кибер-напад“.

Претседателот сепак тврди дека направил исклучоци како што се Иран или Северна Кореја кои прекршуваат или се повлекле од меѓународниот договор за неширењето на нуклеарното оружје во светот.

Обама својата политика ја опиша како дел од пошироките напори светот да се приближи до ситуацијата во која производството на нуклеарно оружје ќе биде застарено и да се направат иницијативи државите да се откажат од нуклеарно амбиции.

Со новата стратегија САД се одрекуваат од развој на какви било нуклеарни оружја со што претседателот го одби почетниот став на министерот за одбрана Роберт Гејтс. Според Обама сите закани може да се спречат со „низа постепени опции“ односно комбинација на старо и ново конвенционално оружје.

- Ќе бидат зачувани сите оружја неопходни американскиот народ да биде сигурен и безбеден, изјави Обама.

Официјални претставници од Белата куќа велат дека новата стратегија ќе вклучува опција за разгледување нуклеарна одмазда во случај на напад со биолошко оружје доколку развојот на тие оружја достигне ниво кое би ги направило САД ранливи на такви удари.

Со објавување на новата стратегија позната како „Преглед на нуклеарниот став“, се отвораат девет интензивни денови на нуклеарна дипломатија насочена кон намалување на вооружувањето.

Обама утре во Прага со рускиот претседател Дмитриј Медведев ќе потпише нов договор за контрола на нуклеарното оружје, а следната недела во Вашингтон ќе биде организиран светски самит посветен на нуклеарната безбедност.

Објавувањето на стратегијата доцни со месеци, делумно затоа што Обама мора да „пресудува“ меѓу советниците кои сметаат дека американската политика не се менува доволно и оние кои стравуваа дека секаква брзоплетост би ги охрабрила потенцијалните непријатели.

Се се завршува со документ кој значајно се разликува од оној кој ко објави Буш во 2002 година само три месеци по 11 септември и во кој и Буш се залагаше за преиспитување на стратегијата на нуклеарно одбивање и намалување на американската зависност од тоа оружје.

Таа доктрина исто така задржуваше за себе право на употреба на нуклеарно оружје „за да се одбие широка лепеза закани“ вклучувајќи хемиско и биолошко оружје и масивен напад со конвенционално оружје.

Обама ја напушта таа можност совен ако нападот го почнала нуклеарна сила или држава која не е потписничка односно го крши Договорот за неширење на нуклеарно оружје. Обама отфрла формулација која ја бараа експерти за контрола на вооружувањето да прогласи дека одбивањето нуклеарен напад е „единствена улога“ на нуклеарното оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...