Опозицијата ја презеде контролата врз државата

Бишкек, 8 април (МИА) - Роза Отумбаева која ја предводи привремената Влада, составена од опозицијата во Киргистан, изјави дека повеќето региони во државата се под контрола на новата власт.

Пред новинари во Бишкек, таа додаде дека се уште не е воведена контрола врз регионот на Ош и Џалалабад, но „се работи на тоа“.

Според неа, претседателот Бакиев кој синоќа побегна од главниот град, е во Џалалабад, негов роден град каде се обидува да придобие приврзаници.

Отумбаева објави дека новата Влада го распуштила парламентот и има намера да направи измени во законите за избори и политички партии кои беа изменети од Бакиев за да обезбеди доминација на приврзаниците во парламентот. Опозицијата смета да почне преговори со него да поднесе оставка.

- Луѓето кои беа убиени вчера се негови жртви, потенцира Отумбаева.

Новиот министер за одбрана Исмаил Исаков изјави дека вооружените сили се под контрола на опозицијата.

- Воена сила нема да се употребува за решавање на внатрешнополитички проблем, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...