Курманбек Бакиев сака да преговара со опозицијата

Бишкек, 9 април (МИА) - Соборениот киргистански претседател Курманбек Бакиев денеска најави дека е подготвен да преговара со опозицијата со цел да се спречи граѓанска војна.

- Не планирам да ја напуштам земјата и нема да се повлечам од претседателската функција. Основна цел ми е да го спречам конфликтот и граѓанската војна, истакна Бакиев, кој е во градот Џалал Абад, јужниот дел на Киргистан.

Тој истакна дека не издал наредба да се пука врз демонстрантите. Бакиев наведе дека САД и Русија не се вмешани во немирите во Киргистан.

Бакиев побегна од Бишкек по судирите меѓу полицијата и демонстрантите при што загинаа 76, а 150 луѓе беа повредени.

Лидерката на привремената влада, Роза Отунбаева денеска го обвини Бакиев дека се обидува да се врати на власт. Таа наведе дека привремената влада нема да преговара со Бакиев.

Во Киргистан денеска и утре се денови на жалост поради големиот број на загинати во нередите. Неколку илјади луѓе по тој повод се собраа на централниот плоштад во Бишкек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...