Вашингтон, 10 април (МИА) - Билансот на загинатите во експлозијата, која се случи во понеделникот во рудник за јаглен во американската сојузна држава Западна Вирџинија достигна 29 лица.
Властите во Западна Вирџинија соопштија дека спасувачките екипи ги откриле телата на последните четворица рудари, кои се водеа како исчезнати. Спасувачките екипи сега се концентрираат на обидите за извлекување на 22-те тела, кои се уште се наоѓаат во рудникот во Монтокоул, на околу 50 километри јужно од главниот град на Западна Вирџинија, Чарлстон.
Седум тела беа пронајдени кусо по експлозијата, која беше предизвикана од истекување на гас.
Ова е најтешката рударска нереќа во САД од 1970 година. Во несреќата во Хајдерн во државата Кентаки во 1970 година загинаа 38 лица