Едно лице загина, 12 се ранети во новите судири во Бангкок

Бангкок, 14 мај 2010 (МИА) - Едно лице е убиено денеска, а 12 се ранети во новите судирите во тајландскиот главен град Бангкок меѓу силите за безбедност и антивладините демонстранти.

Двајца од повредените се новинари - канадски новинар од телевизијата Франс 24 и тајландски фоторепортер.

Судирите избија откако војниците отворија оган со цел да ги растера приврзаниците на Црвените кошули, кои веќе пет недели протестираат во кампот, кој го поставија во елитен бангкошки кварт. Војниците користеле боева муниција, гумени куршуми и солзавец.

Антивладините демонстранти запалија возила на безбедносните сили, со цел да ги спречат воените единици да ги протераат од поставените шатори во елитниот кварт. 

Еден полицаец отвори оган кон војниците, со што се потврдуваат оценките на некои аналитичари, дека е можен расцеп меѓу полицијата, која е лојална на соборениот премиер Таксин Шинаватра и војската, што пак може уште повеќе да го отежне смирувањето на ситуацијата.

Новите насилства започнаа по синоќешните судири, во кои едно лице е убиено, а осум беа повредени, меѓу кои и генерал-мајор Хатија Савасдипол, кој му даваше поддршка на антивладиниот Обединет фронт за заштита на демократијата од диктатура.

Триесет и едно лице загина, а над 1.400 се ранети од почетокот на кризата во Тајланд, која настана поради двомесечните протести на демонстрантите. 

Со декрет од вчера вонредната состојба е проширена на уште 15 провинции, со цел да се спречат жителите на тајландските села да се приклучат кон антивладините протести во Бангкок. Декретот и дава на војската широки овластувања да ги контролира демонстрантите и да ја ограничува слободата на движење.

Тајландскиот премиер Абхист Веџаџива е под голем притисок да им стави крај на двомесечните протести. Антивладините демонстранти се следбеници на Шинаватра, кој е соборен од власт со воен удар во 2006 година. Тој се наоѓа во егзил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...