Сакам да знам чиј задник да клоцнам

Вашингтон, 8 јуни 2010 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сака да знае „чиј задник треба клоцне“ поради истекувањето на нафтата во Мексиканскиот Залив од подводниот извор на платформата на БП.

- Не сум тука за да си разговарам со експертите како на универзитетски семинар. Ние зборувавме со тие луѓе, бидејќи тие можат да ми дадат најдобар одговор за тоа чиј задник треба да клоцнам, рече Обама во интервју за емисијата „Тудеј“ на Ен-Би-Си, која ќе се емитува денеска.

Обама беше подложен на критика поради досегашните реакции на најголемото истекување на нафта во американската историја. Американскиот претседател истакна дека сите засегнати од катастрофата ќе бидат соодветно обесштетени.

Анкета на весникот „Вашингтон пост“ и Еј-Би-СИ покажува дека 69 проценти од Американците сметаат дека Владата не реагирала мошне добро или дека лошо одговорила на излевањето на нафтата. Истражувањето е извршено меѓу 3 и 6 јуни.

Катастрофата во Мексиканскиот Залив трае повеќе од 40 дена. Најлошо е погодена Луизијана, која се наоѓа најблиску до местото каде потона платформата „Дипвотер хорајзон“, но нафтата веќе дојде и до Алабама, Мисисипи, а минатата недела и до Флорида.

Фирмата БП, сопственик на платформата прави големи напори да го спречи ширењето на нафтената дамка, но во меѓувреме од изворот секојдневно истекуваат речиси 20 илјади барели сурова нафта, додека еколошките последици се потенцијално катастрофални.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...