Иран наскоро ќе објави напредок во нуклеарната програма

Техеран, 12 јуни 2010 (МИА) - Иран во следните месеци ќе го открие напредокот остварен во својата нуклеарна програма, изјави претседателот на иранската Организација за атомска енергија Али Акбар Салехи.

- Во следните неколку месеци Иран ќе ги објави новите достигнувања постигнати во врска со производство на гориво за истражниот реактор во Техеран, изјави Салехи за весникот „Ресалат“.

Светските медиуми коментираат дека ова е на некој начин одговор на Техеран на одлуката на Советот за безбедност на ОН од 9 јуни да воведе четврти „пакет“ санкции кон Иран. Со Резолуцијата 1929 на СБ се проширува списокот на поединци, компании и организации на кои ќе им бидат замрзнати средствата, како и списокот на производи чиј извоз во Техеран е забранет.

Од 15 членки на Советот за безбедност, за резолуцијата гласаа 12, а Либан беше воздржан. Против беа Бразил и Турција чии амбасадори пред самото гласање потсетија на напорите на своите влади кои во мај успеаја да постигнат договор со Техеран за отстранување на одредени количини нуклеарен материјал од Иран, но тоа не беше земено предвид кога резолуцијата беше доставена до Советот за безбедност.

Советот за безбедност на ОН од 2006 година донесе три резолуции за санкции кон Иран, но ниту една не успеа да ги наруши плановите на иранската нуклеарна програма. За тие планови Западот смета дека се со цел производство на атомско оружје, додека Техеран тврди дека неговата цел е само производство на електрична енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...