Киргистан побара помош од Русија за запирање на насилството во јужниот дел на земјата

Бишкек, 12 јуни 2010 (МИА) - Киргистан побара од Русија помош за справување со ситуацијата во јужниот дел на земјата, каде од четвртокот има немири во кои според последните информации загинале 50 лица.

Лидерот на привремената Влада на Киргистан Роза Отунбаева изјави дека ситуацијата во последно време во градот Ош нагло се влошила и може да има непредвидливи последици.

- Потребно ни е мировно вклучување на воени сили од друга земја. Ние побаравме таква помош од Русија. Веќе потпишав писмо со молба за укажување на таква помош адресирано до претседателот Димитриј Медведев, рече Отунбаева.

Таа додаде дека Киргистан во секој момент е подготвен да започне преговори со Русија за нејзина мировна мисија во јужниот киргистански град Ош.

- Сега го чекаме одговорот од Руската Федерација, истакна Отунбаева и изрази увереност дека руските власти ќе одговорат позитивно на молбата на Киргистан со цел да се воспостави контрола во немирната област.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...