Рудари би можеле да бидат извлечени за време на викендов

Сантијаго, 5 октомври 2010 (МИА) - Акцијата за спасување на чилеанските рудари, кои веќе два месеци се затрупани во рударската јама, би можела да почне за време на претстојниот викенд, изјави Педро Бутацони, раководител на фирмата „Геотек“ која работи на пробивање на дупката до затрупаните рудари.

- До местото до кое се рударите остана да се ископаат уште 160 метри. Досега се пробиени 464 метри, изјави Бутацони, додавајќи дека очекува до делот во кој се наоѓаат рударите да се стигне за три до четири дена.

Рударите останаа затрупани во рударската јама од 5 август, кога во рудниот „Сан Хозе“ на 725 километри северно од Сантијаго, се одрони една карпа. Првите 17 дена по несреќата судбината на затрупаните рудари не беше позната, но потоа спасувачките тимови стапија во контакт со нив.

Првично беше најавено дека рударите би можеле да бидат извлечени дури во ноември, но минатата недела чилеанската Влада соопшти дека е можно спасувачката акција да започне кон средината на октомври. Чилеанскиот претседател Севастијан Пинера изјави дека рударите ќе бидат спасени пред 15 октомври.

Рударите на површината ќе бидат извлекувани еден по еден со специјална челична капсула. Се предвидува дека извлекувањето на секој рудар ќе трае по околу еден час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...