Каква е спасувачката капсула „Феникс“

Сантијаго, 13 октомври 2010 (МИА) - Состојбата на чилеанските рудари се следи со големо внимание од моментот на нивното влегување во капсулата „Феникс“ се до нивното излегување на површината.

Рударите пред да влезат во капсулата мора да примат висококалорична течна храна, дадена од НАСА со цел да се спречи појавата на нагони за повраќање за време на патувањето со капсулата до површината низ спасувачкиот тунел.

Во капсулата се наоѓа камера преку која се следи евентуалната појава на паника. Пулсот, температурата на кожата и дишењето на рударите се следи постојано со помош на биомонитор поставен на нивното тело. Сите носат маски за дишење, а со цел да се спречи појава на згрутчување поради брзото искачување рударите пијат аспирин и носат затегнувачки чорапи. Тие се добро облечени со топли алишта бидејќи под земјата температурата изнесува 32 степени Целзиусови, а додека на површината температурата се движи околу нулата. Рударите кои излегуваат на површината во текот на денот се опремени и со темни очила.

Во близина на површината тунелот е зајакнат со челични шипки. Тука тунелот се наоѓа под агол од 11 степени, а потоа се движи вертикално кон внатрешноста до просторијата во која се наоѓаат рударите.

Спасувачката капсула „Феникс“ е изработена од страна на чилеанските поморски воени сили. Таа е широка 53 сантиметри и се движи низ заоблен тунел до просторијата која се наоѓа на 624 метри длабочина. На страните од капсулата се поставени тркала со амортизери кои треба да ги ублажат ударите во карпите. Просторот меѓу капсулата и ѕидот на тунелот изнесува приближно пет сантиметри.

Постојат три капсули со различна големина. Нивната должина варира од 2,5 метри до 4 метри. Тие се опремени со кислород за дишење во времетраење од 90 минути. Целокупната операција за спасување на еден од рударите изнесува околу 55 минути. За 20 минути капсулата стигнува до просторијата, за уште толку рударот влегува во неа, а за 15 минути капсулата се извлекува на површината.

Првичниот план предвидувал спасувањето да биде изведено со помош на две поголеми верзии на „Феникс“ со резервен излез низ кој рударите со помош на јаже би можеле да се вратат до просторијата доколку капсулата се заглави. Но, таа варијанта е отфрлена поради опасноста за безбедноста на рударите и властите решиле да ја употребат помалата капсула. Помалата капсула е посоодветна, бидејќи тунелот не е вертикален, ниту заоблен по целата своја должина. Поголемата верзија би можела многу полесно да се блокира на некои од свиоците.

Евакуацијата на сите 32 чилеански и еден боливиски рудар се очекува да трае два дена. Рударите се поделени во три групи. Први излегуваат оние кои имаат најдобра здравствена состојна и кои би можеле полесно да се справат во случај капсулата да се заглави.

Откако ќе бидат отстранети сите технички проблеми и опасности ќе бидат извадени најслабите. На крајот ќе бидат извлечени сите останати.

Несреќата во рудникот за сребро и злато во пустината Атакама се случи на 5 август. Рударите беа откриени цели 17 дена подоцна, по што веднаш започна изработка на план за спасување. Најпрво беше пробиен мал тунел до просторијата преку кој беа снабдувани со вода, храна и високоенергетски течности. Рударите беше потребно да ја намалат својата телесна тежина со цел да можат да влезат во капсулата. Секој од рударите во просек намали околу десет килограми од својата тежина.

Рударите поставија нов светски рекорд за најдолг престој под земја по уривање на рудник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...