Сите рудари се извлечени на површината

Сантијаго, 14 октомври 2010 (МИА) - Сите 33-ца рудари, кои поминаа 69 дена под земја во рудник во северниот дел на Чиле, се извлечени на површината.

Последен беше извлечен 54-годишниот Луис Урсуа, главен бригадир на групата рудари. Пред него на површината излезе 29-годишниот Ариел Тикона Јанес, кој беше пречекан од сопругата Маргарита, која е мајка на неговото трето дете Есперанса. Таа се родила на 14 септември додека нејзиниот татко бил под земја.

Урсуа излезе на површината пречекан со ракоплескања, радосни извици на спасувачите и звуци од сирени, со што се одбележа успехот на историската спасувачка операција на 33-та рудари.

Како и сите други рудари и Урсуа беше пречекан од претседателот на Чиле Себастијан Пинера.

- Ве ослободувам од смената и ве поздравувам. Како добар капетан на екипата вие излеговте последен, изјави Пинера, имајќи ги предвид капетаните на бродовите, кои последни ги напуштаат бродовите, кои тонат.

- Се надевам дека вакво нешто повеќе никогаш нема да се случи. Му се заблагодарувам на цело Чиле. Се гордеам што сум Чилеанец, рече Урсуа.

Претседателот Пинера им се заблагодари на спасувачите, инженерите, лекарите и на Господ поради успешната спасувачка операција.

Во меѓувреме излезе и последниот од шестмината спасувачи, кои учествуваа во операцијата.

Спасувачката операција за извлекување на рударите, кои 69 дена беа блокирани на длабочина од 622 метри под земјата, траеше 22 часа и 38 минути и таа чинеше меѓу десет и 20 милиони долари.

- Спасувачката операција чинеше меѓу десет и 20 милиони долари. Државата обезбеди две третини од сумата, а останатиот дел беше финансиран преку приватни донации, рече Пинера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...