Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја

Сеул, 23 ноември 2010 (МИА) - Еден војник загина, а најмалку 16 лица се повредени денеска при севернокорејски артилериски напад врз јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг западно од Корејскиот Полуостров, на кој живеат околу 1.300 лица.
Меѓу повредените се двајца цивили и 14 јужнокорејски војници. При нападот се оштетени меѓу 60 и 70 објекти и куќи, а предизвикани се и неколку пожари.
Би-Би-Си јави дека Северна Кореја истрелала неколку артилериски гранати преку нејзината западна поморска граница, од кои некои завршиле на јужнокорејскиот остров во Жолтото Море. Јужнокорејските медиуми јавија дека од севернокорејска страна биле истрелани околу 200 артилериски гранати.
Според претставник на Министерството за одбрана на Јужна Кореја, јужнокорејските сили возвратиле на огнот.
- Севернокорејската артилерија предизвика илегална вооружена провокација во 14:34 (6:34 по средноевропско време) и јужнокорејските трупи веднаш одговорија на огнот во самоодбрана, нагласи претставникот на Министерството.
На нападнатиот остров има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Јужнокорејската армија прогласи највисок степен на борбена готовност, а веднаш по инцидентот Военото воздухопловство на Јужна Кореја кон островот упатила неколку авиони од типот Ф-16.
Претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг-бак изјави дека се обидува да спречи оваа размена на артилериски оган да прерасне во судир од поголеми размери меѓу двете земји.
Вооружените сили на Јужна Кореја упатија порака до севернокорејската армија со барање нејзините сили да прекинат со огнот, бидејќи доколку продолжат провокациите, ќе уследи појак одговор.
Инцидентот се случува само неколку дена откако Северна Кореја ја возобнови работата во нејзиниот комплекс за збогатување ураниум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...