Ј.Кореа и САД ќе почнат заеднички воено-поморски маневри

Сеул/Вашингтон, 24 ноември 2010 (МИА) - Јужна Кореа и САД во следните денови ќе изведат заеднички воено-поморски маневри во Жолто море, во кои ќе учествува и нуклеарниот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, откако севернокорејската артилерија гранатираше јужнокорејски остров и уби две лица, соопштија светските агенции.

Претседателите на САД и Јужна Кореа Барак Обама и Ли Мјун-бак телефонски се договорија да ја продолжат тесната соработка во областа на безбедноста во следните денови.

Сеул соопшти дека последната воена вежба ќе почне на 28 ноември (недела) и ќе трае до 1 декември.

Маневрите имаат чисто одбранбен карактер и се планирани пред вчерашниот инцидент, соопшти американската команда.

Обама го увери јужнокорејскиот колега дека САД стојат „рамо до рамо“ со својот близок сојузник и ќе работат со меѓународната заедница за да обезбедат широка осуда на севернокорејскиот напад.

Ова беше најголемиот напад на Северна Кореа против јужниот сосед по Корејската војна од 1950 до 1953 година.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Те-јон изјави дека, според него, севернокорејскиот напад е обид на властите во Пјонгјанг да ја затегнат контрола внатре во земјата во услови на предавање на власта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...