С. Кореја користела оружје со термовоздушна смеса

Сеул, 25 ноември 2010 (МИА) - Северна Кореја при нападот на јужнокорејскиот остров Јонпјеонг користела оружје со термовоздушна смеса, кое има поголема моќност, изјави извор од вооружените сили на Јужна Кореја.

- По анализата на трагите од оружје на островот утврдивме дека е користена и специјална опрема, истакна истиот извор.

Според него Северна Кореја користела таков вид на оружје за да убие колку е можно повеќе луѓе и да предизвика пожари.

При експлозија на такво оружје се зголемува силата на бранот на експлозијата. Сеул претпоставува дека Северна Кореја таков вид оружје разработиле уште во 1985 година.

Во меѓувреме јужнокорејските медиуми јавија дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил и неговиот син наследник Ким Џонг-ун ја посетиле артилериската база, од која е нападнат јужнокорејскиот остров, неколку часа пред нападот. Се претпоставува дека Ким Џонг-ил лично дал наредба за отворањето оган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...