Северна Кореја одново напаѓа

Сеул, 26 ноември 2010 (МИА) - Јужнокорејски воени претставници изјавија дека слушнале денеска артилериски оган од Северна Кореја, но на јужнокорејска територија не паднала ниту една граната.

Очевидец од островот Јеонпјеонг изјави дека се слушале звуци од огнено оружје.

Претставник на јужнокорејскиот Генерал-штаб, пак, нагласи дека од островот, кој во вторникот беше цел на артилериски напад од Северна Кореја, два пати се слушнале артилериски истрели.

Според јужнокорејските медиуми истреланата муниција сепак паднала северно од спорната поморска граница меѓу двете Кореи, во севернокорејските води. Јужнокорејска телевизија пренесува изјави на воени експерти според кои истрелите не биле насочени кон јужнокорејска територија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...